Оваа наставничка доживеала пех со блузата, а не ни забележала.
Ал е наставничка која доживеала вистински срам откако дознала за проблемот што ѝ се случил со нејзината блуза.
Никој не ѝ го посочил проблемот и никој не ја известил за непријатноста.
-Погледнете ме добро, ме мрзеше да перам маички, па се решив за ова фустанче, кое очигледно е прекратко да го носам во школо, па од него направив блуза така што краевите ги ставив во фармерки. Денеска цел ден им предавав на децата, никој ништо не кажа. Погледнете ми го грбот! Се гледа дека не сум го наместила убаво фустанот, па пола грб ми е гол. Изгледам како да не сум имала поим што да облечам. Другите колеги од мојата смена се исто на моја возраст, зошто никој ништо не ми кажа?! Не го облеков фустанчево за да станам предмет на исмевање на Интернет, а сепак успеав во тоа – изјавила очајно оваа наставничка, за која пишувал британски Сан.
Откако Алин го сподели своето искуствона Тикток, и други натавници одлучиле да ги споделат своите непријатни моменти.
-И мене ми се случи тоа, но моите ученици дојдоа и ме наместија, додека јас им ги поправав граматичките грешки.
-Барем не си ја извлекла долната облека закачена од внатрешната страна на кошулата пред цело одделение, како јас.
-Тоа им се случува на сите, опушти се!