Со 6.150.000,00 денари, Државна видеолотарија ја поддржува визијата на КФСМ. Државна видеолотарија и КФСМ заедно ќе работат на промоција на спортските вредности во нашата земја.
Стратешка определба на тимот на Државна видеолотарија е да прерасне во лидер во својата дејност, но и лидер во корпоративна одговорност. Ние како компанија, веруваме дека личните примери се најдобра насока за подобрување на општеството. Во таа насока, сметаме дека спортот и спортската култура, треба да добијат поголемо значење во нашето секојдневие. Време е младите своите идоли да ги пронајдат во спортските ликови и да посакуваат тие да бидат нивните следбеници. На тој начин, ќе бидеме сигурни дека сите заедно ќе придонесеме во градење на добра спортска иднина и подобри спортски резултати.
Во нашите заложби за унапредување на спортот, пронајдовме простор за една убава соработка со КФСМ. Државна видеолотарија станува силен поддржувач на националните а-селекции во кошарка, нашите најважни претставници на меѓународната сцена.
Со донација од 5.535.000,00 денари и спонзорство од 615.000,00 денари, ние јасно ја поддржуваме визијата на КФСМ, овозможувајќи им на кошаркарите прецизно да нишанат кон кошот, додека ги бранат репрезентативните бои на нашата земја.
Во склоп на нашата соработка, можеме да споделиме дека девојките од сениорскиот национален тим со нашата поддршка, пред речиси еден месец, учествуваа во квалификациите за Евробаскет 2021. Ова ќе се реализира и со момците од сениорската репрезентација, претстојниот февруари, кога ќе земат учество во квалификациите за Евробаскет 2021.
Според претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, ова е силно охрабрување, за кое се особено благодарни. Ќе настојуваат да го оправдаат, во следните спортски предизвици со кои ќе се соочат националните а-селекции.
Владимир Ѓеоргиевски, генералниот секретар на КФСМ, истакна дека силно се фокусирани кон натпреварите во февруари 2020, кога момците од сениорската репрезентација ќе земат учество во квалификациите за Евробаскет 2021. Тој додаде дека веќе работат и со најмладите. Формирани се мини баскет турнири, со цел кошарката да се доближи до децата и да се препознаат оние кои имаат потенцијал меѓу нив.
Кошаркарската федерација и Државната видеолотарија ќе продолжат со заеднички сили да работат на промовирање на спортските вредности на нашата република.