Ако сакате да започнете нов живот во странство, Германија е најдобра држава за продолжување на кариерата, според истражувањето на меѓународната банка ХСБС. Германците за прв пат ги победија Швеѓаните во ова истражување.
Според анкетата направена на 22.000 меѓународни работници, амбиции во кариерата е главната причина за преселбата во странство. 65 одсто од испитаниците сметаат дека Германија е најсигурна за работа.
На трето место е Велика Британија, која направи голем скок на листата на најдобри држави за работа.