Вработен во Управата за јавни приходи денеска е снимен како спие на работното место. На видеото, кое до порталот „Pa Censure“ го испратил читател, се гледа како службеникот дреми седејќи на работната маса.
Според објавата на порталот, службеникот спиел повеќе од дваесет минути, додека пред неговата канцеларија во архивата во генералната дирекција на УЈП во Скопје, странки чекале да бидат услужени.