Државјанка на Тунис утринава се породила на белградскиот аеродром “Никола Тесла“, пишуваат српските медиуми.
-Се роди здраво машко дете кое ќе се вика Адам. Мајката и детето се добри – изјавил докторката на Итната помош, Даниела Јевтиќ.
Инаку, породувањето кое траело 10 минути започнало на улица, а за само 10 минути по првиот труд, завршило во зградата на аеродромот во Белград.
-Тимот од аеродромот, докторот и техничарот направија сè, така што ние само го зедовме бебето и ги однесовме во болница. Им посакуваме се најдобро“, рече таа.