Жестока караница избила пред скопско помеѓу мајка на ученичка и наставен кадар. Причината била барањето на мајката, нејзината ќерка да не носи маска. Родителот е Гордана Гоџо, активистката која ги предводеше протестите против мерките за спречување на коронавирусот.
Мајката посочува: „Јас сум загрижен родител“, а секретарот на училиштето и враќа: „И јас сум загрижен за моето здравје“, а таа го убедува: „Немаш доказ дека Лена (ќерка ѝ) може да те зарази“.
Целата караница трае 19 минути, а во моментот кога доаѓа директорката на училиштето ѝ посочува на ученичката да не плаче.
„Протоколите мора да се почитуваат“, посочи директорката, а мајката врати: „Децата не треба да носат маски“.
По ова родителката почна да вика: „Од што ве штити маската?“.
Инаку, Гордана Гоџо е позната по протестот кој се одржа против корона мерките, а на кој, присутните извикуваа „убијци, убијци“ додека таа говореше.