Вчера вистинска драма се случувала на Халкидики, во Ситонија , кога во близина на плажата експлодира, а потоа се запали глисер во кој се возело петчлено семејство од Србија.
Според очевидци, едно девојче од силината на експлозијата било исфрлено од глисерот, додека мајката со две други малолетни девојчиња скокнала во водат . Таткото, заедно со инструкторот, останал во глисерот за да го однесат до брегот.
Драмата се одвивала недалеку од плажата која беше полна со туристи. Според локалните медиуми, српското семејство било однесено во најблиската болница, а едно од девојчињата било однесено во болница во Солун.