Несекојдневна драма се случило во летувалиштето Торони на Халкидики откако силниот ветер одвлекол дете на душек кон отворено море.
-Дете од шест-седум години полека се одалечуваше кон отворено море, па почна да бара помош. Но ветерот беше толку силен што никој не можеше да му пријде. Во еден момент детето се одалечило и на стотина метри од плажата – изјавил сведок на настанот.
Во тој момент во водата скокнала девојка спасител, но по 100 метри пливање таа се и изморила, па и нејзе и била потребна помош.
-Покрај куќичката на спасители имаше и чамец, па неколку Грци успееја прво да дојдат до девојката, па до детете. Прашање е што ќе беше со двајцата ако чамецот закаснеше минута – две. Целата драма траеше повеќе од 20 минути – вели сведокот.
Откако се завршило, на девојката -спасител и била пружена медицинска помош.