Малку недостасуваше да дојде до трагедија на тенискиот турнир „Гран Канарија 2“ во текот на мечот помеѓу Никола Милојевиќ (Србија) и Едуардо Лобато (Шпанија).
Имено, во еден момент, судиското столче се сруши!
Судијата се симна од столчето за да погледне една трага од топката, и во тој момент, ветерот ја сруши неговата конструкција.
За среќа, момчето кое стоеше веднаш до столот помина без повреди. Младото лице имаше среќа што навреме го забележа падот на столот, се фрли и избегна сериозни повреди.
Потоа се слушна краток разговор меѓу него и судијата.
-Дали си добро?
-Да, да, да, одговори момчето.
-Дали те удри?
-За малку,рече момчето, додека сите присутни беа во шок.
На крајот мечот го доби Лобато кој триумфираше со резултат 2:0 во сетови 7:5 и 6:3.
— Tong (@TongTennis) March 4, 2021