Пејачот на народни песни Ибро Селмановиќ за малку ќе умрел откако пчела му влегла во уста и го каснала за крајникот.
Додека се снимала музичка емисија на Јахорина босанскиот пејач голтнал пчела, која го каснала за крајникот, но тој продолжил да пее иако на моменти се гушел.
Во прв момент никој не сватил за што се работи, а пејачот поради гушењето едвај успеал на организаторите да им објасни да повикаат Итна помош. Тој бил превезен во болница, а по неколку часа бил пуштен на куќно лечење.