Во Арлингтон во американската држава Тексас е снимено спасување од заклучен автомобил на бебе чии родители го оставиле на паркинг на температура од речиси 38 степени.
Британски Дејли Мејл пренесува дека родителите на полицијата ѝ кажале дека случајно ги оставиле клучевите во автомобилот, поради што таткото на бебето очајно се обидел да ја скрши шофершајбната со железна шипка.
Случаен минувач му пришол на помош со поголема шипка и некако успеале да направат доволно широк отвор за некој да се провлече и да го земе бебето.
Полицијата навела дека родителите се јавиле дури кога го извлекле бебето, по што пристигнала брзата помош која го прегледала детето.
Се наведува дека бебето било вознемирено, но во кревка состојба и дека не се очекува да биде покрената истрага против родителите.
Texas man smashes windshield on car to help save baby locked inside a car during 100 °F (37.7 °C) heat.
A crowd of people assisted in helping get the baby out safely.
The parents of the child accidentally left the keys inside the car, trapping the baby. pic.twitter.com/Yp0JW4rtO3
— Oli London (@OliLondonTV) July 24, 2023
Не е познато колку долго бебето било во автомобилот, но се вели дека десет минути се доволни за температурата во заклучен автомобил да се зголеми за околу седум степени Целзиусови.