Во главна улога бил селекторот на боскерската репрезентација на Узбекистан, Тулкин Киличев. Неговиот пулен Хасанбој Дусматов на 8 август стана олимписки шампион, а во големата еуфорија, малку недостасувало Киличев да почине.
Во текот на прославата нему му се слошило и имал срцев удар, а животот му го спасиле колегите тренери од британскиот боксерски тим. Се се случило во просториите на тенискиот центар „Ролан Гарос“ каде е одржан бокс мечот. Тренерите Британци притрчале, му пружиле прва помош и ги повикале надлежните служби, а докторите успеале да му го спасат животот.