Британец (35) предизвикал општ хаос на летот од Тајланд до Лондон.
Прво го демолирал тоалетот, а потоа го удрил стјуардот кој се обидел да го задржи.
Целиот инцидент го снимил еден од патниците кој бил на истиот лет, објави Дејли Меил.
На видеото се гледа како патникот го удира стјуардот, кој од силината на ударот паднал на подот.
„Беше во тоалетот и само го слушнавме како вреска. Почна да удира по вратата од тоалетот, се откачи од шарките. Еден млад човек се обиде да го задржи, настана тепачка и тој на крајот го удри стјуардот. Мислам дека му го скрши носот“, рече таа.
По инцидентот, дел од патниците станале од своите места, а кога имало физички контакт, дел од нив се обиделе да го задржат Британецот.
“Моравме постојано да го слушаме неговото викање, беше многу непријатно. Тој постојано навредуваше”, додала жената.