Вистинска драма се случувала во авионот на Туркиш ерлајнс на летот од Истанбул за Судан. Имено, патниците морала да го совладаат човекот кој при самото полетување почнал да вришти, да ги удира кутиите со маски за кислород, па ја удрил и турнал една од стјуардесата, па тргнал кон пилотската кабина да се тепа со пилотите.
По десет минути буткање и убедување, посадата го смирила човекот кој се пожалил дека не може да диши. Но, за кратко, тој повторно станал од седиштето и се стрчал кон предниот дел на авионот, но патниците го совладале и му ставиле пластични лисици.
Инаку, иака авионот требала да слета во Картум, пилотот го вратил во Истанбул каде хистеричниот патник го одвела полицијата.