Драма на летот за Африканскиот куп на нации: Фудбалери почнале да се онесвестуваат во авион, пилотот им ги спасил животите!

by Тони Зографски

Неделава почнува Африканскиот куп на нации, а репрезентациите веќе почнаа да пристигнуваат во Брегот на Слоновата Коска која е организатор на големиот фудбалски настан.

Пред почетокот на првенството, дојде една ужасна вест која ги исплаши љубителите на фудбалот. Репрезентацијата на Гамбија поминала низ вистински хорор на летот за Абиџан бидејќи откако авионот достигнал одредена височина, некои од играчите и членовите на стручниот штаб почнале да губат свест.

Во тие моменти како херој се покажал пилотот кој забележал што се случува и го свртел авионот враќајќи го на аеродромот од каде што тргнал. Причината за драматичната ситуација бил преголемиот број на патници за таков авион поради што останале без кислород.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com