Најмалку едно дете се удавило кога се првртел чамец со околу 50 емигранти кои од Турција пловеле кон грчкиот остров Лезбос.
Според првичните информации, чамецот наводно го превртеле самите емигранти откако виделе дека нема да им се дозволи да стигнат до островот. Кога пристигнала крајбрежната стража, тие го превртел чамецот како би ги натерале спасителите да ги извлечат од морето и да ги пренесат на Лезбос.
При превртувањето загинало едно дете, а 47 емигранти спасителите ги однеле на брегот. Детото бил веднаш извадено од морето, но лекарите констатирале само смрт.
Инаку, во изминатите 24 часа на грчките острови пристигнале околу 1.000 бегалци и мигранти во над 25 различни случаи, а за дел била потребна интервенција на грчката крајбрежна служба за спасување на лица, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, најголем број бегалци и мигранти пристигнале на Лезбос, вкупно 512 во 11 одвоени случаи.
На Хиос стигнале 295 лица, 128 на Самос и 85 на помалите грчки острови во близина на турското крајбрежје.