Помошниот судија Умберто Панхох од Гватемала, доживеа топлотен удар за време на натпреварот помеѓу Перу Канада од Копа Америка.
Канаѓаните победија со 1-0, а средбата се одигра во градот Канзас во САД, и тоа на температура од 38 степени целзиусови и влажност од 60 проценти.
Линискиот судија од Гватемала колабираше при крајот на првото полувреме. Максим Крепо, голманот на Канада, веднаш притрча до него и му укажа прва помош, а набрзо пристигна и лекарската служба. Пањој бил пренесен во болница, а сите тестови покажале дека за среќа немало поголеми последици. Тој колабирал од жештините и наскоро ќе биде пуштен од болница.
Тој беше заменет со еквадорски судија и натпреварот продолжи нормално. Нема никакви последици по здравјето на судијата, тој е добар, но предизвика неколкуминутна паника.