На меѓународниот аеродром во Сараево во петокот се одвивала вистинска драма.
На турски државјанин му бил забранет влез во БиХ и тешко ја прифаќал таа информација. Решил да ги преземе работите во свои раце и направил многу непопуларен потег кој на крајот го чинел апсење.
Тој се обидел да му го одземе пиштолот на граничниот полицаец, но брзо бил совладан.
Оваа информација ја потврди Франка Вичан, портпарол на граничната полиција на БиХ.
„На ден 10.12.2021, околу 16,45 часот, додека извршувал редовни работи и задачи на Аеродромот МГП Сараево, државјанин на Турција на кој претходно му бил забранет влез во Босна и Херцеговина бидејќи не ги исполнувал условите за влез, се обидел да украде службен пиштол од полицаец“, рече Викан.
Напаѓачот е совладан и „ставен под контрола“. Тој е лишен од слобода и против него е поднесена пријава за кривично дело – Напад на службено лице, по што е предаден во понатамошна надлежност на Обвинителството на БиХ.