На Мирослав Илиќ му се слошило по вторничниот концерт во Сава центар во Белград. Како што дознава курир.рс, само што се симнал од сцената пејачот почнал да се гуши.
“По концертот Мирослав моментало пребледе и се пожали дека му е лошо. Изгледаше дека ќе падне, но за среќа, едно момче од организација притрча и му донесе воде. Мирослав малку се освежи, седна во бекстејџот каде го чекаше сопругата Гордана која многу се уплаши кога го виде. За десетина минути тој се поврати, рече дека не му е ништо. А дека нешто не е во ред се виде при крајот на концертот кој го издржа до крај. Наводно, причина била загушливоста од полната сала -вели извор за курир рс. и додава:
“ На Мирослав вакво нешто до сега не му се случило. Човекот пука од здравје и никогаш не се пожалил на болки или нешто слично. Очигледно бил моментална слабост на организмот.
фото: Д. Дервишагиќ