Чешката манекенка Петра Немцова (40) на 15 ноември го роди синот, но на сето тоа му претходело драматично искуство.
Имено, како што открива манекенката, нејзиниот син е роден пред шест недели и тоа додека Петра и нејзиниот партнер Бенџамин престојувале во шума. Кога сфатила дека породувањето почнало, манекенката влегла во колата и додека брзале кон најблиската болница, таа се породила.
Бидејќи бебето е предвреме родено, следеле најтешките денови за родителите, бидејќи животот на бебето бил во опасност. Сепак, кога станало јасно дека со детето е се во ред, Петра се огласила на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/B5YV-qGA4lY/?utm_source=ig_web_button_share_sheet