Во рускиот град Уфи се случувало вистинска драма на улица. Се започнало кога сопругата го фатила својот маж со љубовница. Бесна, таа почнала својот автомобил да го удира во колата на “конкуренцијата“.
Според очевидците на “сеирот“, во џипот на љубоморната сопруга се наоѓало и дете, што не ја спречило разлутената жена да го заврши тоа што го наумила. Таа во својата намера уништила два овтомобили.
Како и обично социјалните мрежи се “запалија“. Жените ја оправдуваат, додека мажите се критични.
“ Два искршени автомобили, губењето на дозволата, пријава за намерно нанесување телесна повреда, нанесување на трауми на детето, развод… Покрај сопруга со ваков карактер не е чудно што мажот си нашол љубовница“, напиша еден припадник на посилниот пол.