Товарниот брод „Синсирли ејс“ со околу 3.500 автомобили се запалил од непознати причини на околу 3.200 километри од Хавајските Острови. Најмалку пет морнари се водат како исчезнати по пожарот.
Напомош на товарниот брод дојдоа пет брода кои биле во близина, а спасени се 16 члена на екипажот, јавува АП.
Операцијата за спасување е доведена во прашање бидејќи бродот се наоѓа далеку од дометот на хеликоптери и бродови на крајбрежната стража, која испрати напомош два авиона со долг домет – „ХЦ-130 херкулес“ и „П-8 Орион’.
Инаку, бродот„Синсирли ејс“, кој е сопственост на јапонската компанија „Шоеј Кисен Каиша“, пловел под знаме на Панама. Тој може да носи дури 6.500 автомобили и е изграден во 2009 година.