На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се апси лице, за кое авторот на видеото тврди дека е крадец кого го бркала полицијата во центарот на Скопје. Како што стои во описот на видеото крадецот бил фатен од инспекторка која скокнала во Вардар бркајќи го крадецот, при што го фатила и уапсила во водата.
„Овие двајца момци во белите кошули, го бркале од Соборен храм, таму тој на некоја жена и ја украл ташната, и тој ден украл и др.работи, ланчиња и др.нешто. Момциве го бркале од таму до Вардар, а девојкава случајно минувала инспектор во цивил, а момциве викаа лопов , фатете го лоповот, и кога девојкава гледа дека нешто се случува потрчува по него, тој бега и се втурнува во Вардар а таа пливаше по него“, пишува авторката на видеото.
Е ова е ХРАБРОСТ !!!БРАВО !!!МВР бидете горди на ваквите вработени !Девојката скокна во Вардар, препливувајки ја реката бркајки го крадецот, па се до неговото фаќање.БРАВО ДЕВОЈКО…БРАВО ИНСПЕКТОРКЕ, НЕВЕРОЈАТНА СТЕ !Е ОВА Е ХРАБРОСТ ! БРАВО КОЈА И ДА СТЕ !ЦЕЛИОТ НАСТАН ГО СНИМИВ И АПЕЛИРАМ ДО НАРОДОТ ЗА ПОГОЛЕМА ВНИМАТЕЛНОСТ !
Posted by Ведрана Македонска on Friday, July 5, 2019