Двегодишно дете вчера било примено во болницата во Осиек во тешка состојба поради воспаление на белите дробови и му требало итен транспорт до Загреб, а во возилото на итната помош се случувала вистинска драма, јавува „Дневник“.
Екипата за итна помош веднаш тргнала со детето кон Загреб, но се соочила со голема гужва во сообраќајот. Лекарите тогаш ја повикале полицијата, која им обезбедила придружба до Загреб. Покрај огромната гужва и сообраќајниот метеж на автопатот, пред Загреб наишле и на верижен судир. Додека возеле кон главниот град, детето било во тешка состојба, интубирано и на кислородна поддршка. Во еден момент, тоа било и во состојба на клиничка смрт, но лекарите успеале да го реанимираат и да го спасат
„Тешко е да се најдат пофални зборови со кои ќе им се заблагодарам на сите. Мојата ќерка поради проблеми со белите дробови во саботата заврши во болницата во Осиек, а во понеделникот состојбата и се влоши бидејќи и нејзиното срце било загрозено. Ни кажаа дека сè беше подготвено за итен транспорт до Загреб, а беше околу 14 часот. Брзата помош тргна, а ние тргнавме по нив“, изјавиле родителите за хрватските медиуми.