19-годишната турска скијачка Сила Кара, му го спасила животот на 12-годишно момче во словенечкиот ски-центар „Крвавец“.
Од Скијачкиот сојуз на Турција пренесуваат дека 19-годишната Сила Кара го спасила момчето во тек на свој тренинг. Детето што седело покрај неа на жицницата, изгубило рамнотежа. Таа го фатила во последен миг и спречила да падне од голема височина. Го држела цели 15 минути детото за раце додека висело во воздух.
„Ги фрлив скијачките стапови и со устата си ги соблеков ракавиците. Детето плачеше и ми велеше да го држам цврсто за двете раце. По 15 минути дојдоа скијачки патроли и персонал на Ски-центарот, па го пуштив момчето да падне врз веќе поставената сигурносна мрежа. Шефот на словенечката полиција и полицајци ми врачија признание на аеродромот пред враќање“, изјавила Сила Кара.
Откако Кара го спасила момчето, словенечките новински канали ја барале преку телевизија. „Најдете ја оваа херојска девојка“, биле нивните извештаи.
Кара вели дека е нејзина должност да спаси човечки живот и дека е многу среќна што тоа го направила.
12 yaşındaki Sloven çocuğu, son anda kayaklarını uzatarak kurtaran Milli Kayakçı Sıla Kara, A Haber’in sorularını yanıtladı. @kadrajahaber
@azeynepb pic.twitter.com/WMBlB56DG9— A Haber (@Ahaber) February 16, 2020