Вчера вистинска драма се одвивала во Сарти, на Халкидики – пренесува “Грчки инфо“. Имено, 67- годишна Србинка и покрај кренатото црвено знаме поради јаките струи, влегла во морето и набргу почнала да се дави. Со брза интервенција на спасувачите жената е извадена, дадено и е кислород и превезена е во болницата во Полигрос.
Порталот ги предупредува и туристите што го посетуваат вулканското острово Лихадониси. Иако на една од најпосетената плажа морето е плитко, на 20-тина метри има опасни струи кои ве влечат од брегот.
Исто така, како што информира порталот, често се случува гостите од кафулињата да трчаат кон морето и да спасуваат давеници кои и покрај предупредувањата скокаат од бродовите да се бањаат во делот со опасни струи.