Во Челјабинск, Русија, ученик со чекан ги нападна учениците и наставниците во училиштето, изјави гувернерот на Челјабинск, Алексеј Текслер.
Тој не наведе колку лица се повредени, а за агенцијата Интерфакс од полицијата рекле дека според првичните информации повредени се тројца ученици и еден наставник, а повреди си нанел и напаѓачот, ученик во седмо одделение.
Текслер рече дека се уште не е познато како ученикот го донел чеканот во училиштето и зошто обезбедувањето не реагирало.
Во тек е увид на местото на инцидентот.