Седум лица се повредени денес откако авион „Антонов Ан-2“ удрил во земја при слетувањето во градот Магадан на рускиот далечен исток.
„Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени“, изјави портпаролот на руското Министерство за вондредни ситуации, пренесува руски „ТАСС“.
Локалната влада соопшти дека повредените се пренесени во локалната болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична здравствена состојба.
Според првичните информации, авионот на една приватна компанија удрил во земјата од 10 метри висина, а во него се наоѓале вработените во компанијата.
Руските власти отворија истрага, а најверојатно причина за несреќата е грешка на пилотот.