Храбра продавачка спречила разбојник да ја ограби продавницата во Охрид во која работела.
Имено, во СВР Охрид било пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во маркет, едно лице се обидело да изврши кражба, односно да одземе одредени производи.
Разбојникот било спречен во грабежот, при што една од вработените се здобила со повреда.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.