Инцидентот е снимен во Чичен Ица, или „Градот на храмовите“ во Мексико, кога двајца туристи решиле да се искачат на пирамидата Кулкулкан за време на пролетната рамноденица.
Во различни периоди успеале да го избегнат обезбедувањето и да се качат по скалите на древната градба, пренесува Метро.
Жртвување и удари?
Меѓу бројните туристи имало и локални жители кои гневно реагирале. На пирамидата се искачи и 38-годишен гостин од Германија, по што се соочил со насобраната толпа и наводно добил удар по главата.
Медиумите наведуваат дека поединци извикувале дека луѓето кои покажуваат непочитување треба да бидат „жртвувани“, алудирајќи на древните ритуали што ги изведувале Маите.
Избега од стражата
Ситуацијата ескалираше, а членовите на Националната гарда и работниците од Националниот институт за антропологија и историја морале да реагираат. Тие биле нападнати додека се обидувале да го заштитат Германецот од гневните локални жители.
„Тој успеа да се искачи на пирамидата, иако чуваме стража на западната страна“, рече еден од националните гардисти. „Тој претрча покрај нас. Очигледно е во добра физичка кондиција“.