Во Мадрид се запали култниот стадион на Реал Мадрид – Сантијаго Бернабеу. Според шпанските медиуми, се запалила една од конструкциите на стадионот, која во моментов се реновира.
Како што пренесува Марка, пожарот не е толку сериозен како што се чинеше на почетокот. Брзата реакција на пожарникарите спаси делови од стадионот.
Градската администрација одобри почеток на големи работи за реконструкција на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кој, според плановите, треба да заврши до почетокот на фудбалската сезона 2022-23.
BREAKING: A part of the Santiago Bernabeu is on fire!!pic.twitter.com/jHLrS7i6Dg
— Footy Accumulators (@FootyAccums) May 26, 2021