Белградската полиција уапсила две лица кои ноќеска околу 3 часот во Нов Белград се обиделе да го киднапираат фудбалерот Алекса Т.
Според информациите, прво дошло до кавга од двете страни, па и до судир, кога аудито удрило во БМВ-ето на фудбалерот. Потоа фудбалерот излегол од автомобилот, но нервозната “двојка“ се обиделе со сила да го пикне во багажникот, но Алекса успеал да се одбрани и да им побегне. Двајцата осомничени потоа му го зеле БМВ-ето, но по пријава од фудбалерот, набргу биле уапсени.
Според првите неофицијални информации, се работи за поранешен фудбалер на Црвена Звезда и сегашен играч на Фиорантина и на српската млада фудбалска репрезентација. Тој синоќа не играл против Русија на мечот во Ниш.