Полицијата го евакуира трговскиот центар Галерија во Белград поради дојава дека во него е поставена бомба. На сите посетители и персоналот им било кажано веднаш да почнат да го напуштат трговскиот, кој се наоѓа во центарот на Белград во рамките на комплексот Белград на вода, поради дојавата.
Евакуацијата е во тек, а на лице место може да се забележи дека врие од полиција.