Грчката полиција го уапси свештеник кој нападна група владици во манастирот Петраки во Атина малку порано, фрлајќи киселина кон нив. Свештеникот се соочувал со исклучување од црквата откако во 2018 година бил фатен со неколку грама кокаин.
Седум епископи кои се состанаа да разговараат за разрешувањето на свештеникот, се здобија со изгореници на лицето и рацете и итно беа пренесени во болница.
Полицијата не кажа каква течност била фрлена, но додаде дека некои од хоспитализираните имаат сериозни изгореници. Повеќето од повредените имаат висок ранг во Грчката православна црква.
„Ја изразувам мојата згрозеност од овој досега невиден настан“, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.
Изгореници се здобил и чуварот на манастирот, кој успеал да го фати свештеникот пред портата и бил пренесен во болницата.
Comments are closed.