Вчера во СВР Скопје М.Г. (23) од Скопје вработен како чувар во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ пријавил дека додека бил на работното место, забележал машко лице кое паднало од 4/5 кат, притоа удирајќи и во тендата на објектот.
Било константирано дека станува збор за П.Ј. (46) од Скопје. П.Ј. е пренесен во Ургентен центар – Скопје, каде му се константирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.