Семејство од Велика Британија било принудено да седи на подот на авионот за време на летот од Менроки до дома, затоа што местата кои ги резервирале – не постоеле.
42-годишната Пола Тејлор, нејзиниот сопруг и двете ќерки порано дошле на аеродромот со цел да се качат на летот на компанијата ТУИ ерлајнс.
Сепак, седиштата кои ги резервирале биле 41 Д, Е, Ф, но по качувањето сфатиле дека тие седишта не постојат воопшто.
Авионската услуга им понудила да седат со нив на помошните седишта, но и оттаму биле преместени, затоа што се подготвувала храна и пијалоци за патници.