Патник починал по итната интервенција на медицинските служби на летот на “Јунајтед Ерлајнс” во САД, а Агенцијата за контрола и превенција на болести сега сака да ги испита лицата кои патувале со него.
Тој ја пополнил листата пред влезот в авионот, наведувајќи дека добро се чувствува, но авио-компанијата тврди дека бил болен.
Авионот кој летал од Оралндо кон Лос Анџелес итно бил пренасочен кон Њу Орлеанс поради потребата за медицинска помош.
Мажот бил брзо префрлен во болница, каде бил прогласен за починат.
Како што наведуваат тамошните медиуми, починатиот во формуларот пред влезот во авионот не навел дека е позитивен на Ковид-19, додавајќи дека немал симптоми на некоја болест, меѓутоа од “Јунајтед Ерлајнс” наведуваат дека сега е “јасно дека патникот погрешно го пополнил формуларот”.
Авио-компанијата од “CDC” побарала потврда дали патникот навистина имал коронавирус, но се уште не добила одговор.
Некои корисници на социјалните мрежи кои биле на тој лет напишале дека сопругата на починатиот имала симптоми на вирусот, вклучувајќи загуба на чувствата за мирис и вкус, меѓутоа “Јунајтед Ерланс” тврди дека и покрај таквите наводи нема официјални потврди дека мажот имал коронавирус.
“Во времето кога летот е пренасочен, добивме информација дека патникот имал инфаркт, па на патниците им е дадена опцијата да преминат на друг лет или да продолжат според планот. Сега, кога CDC не контактираше директно, ги споделуваме сите информации со таа агенција, за да може да дојде до патниците кои можеби биле во опасност да бидат заразени”, додаваат од авио-компанијата.
Од аеродромот во Њу Орлеанс не сакале да ја потврдат или демантираат информацијата за здравствената состојба на починатиот маж, ниту споделиле било каква информација за тоа дали тој имал коронавирус.