На социјалните мрежи кружи видео од Богота каде избувнал пожар во катна зграда.
Камерата го снимила моментот кога девојката и нејзиното милениче биле спасени од станот на 5-ти кат, преку прозорецот, а снимката е многу драматична.
Локалните медиуми го пронашле момчето на видеото, Џефри Круз, кој објаснил дека слушнал врисоци од станот над него, погледнал низ прозорецот и забележал црн чад.
Тој веднаш ги препознал пожарникарите, а потоа се појавил друг сосед кој им предложил да ја извлечат девојката.
На почетокот го гледаме момчето како стои на симсот, го прифаќа животното, а потоа го внесуваат во неговиот стан. Потоа дојде редот на девојката, но работите не се одвиваа без проблеми.
Таа некако успеала да се извлече, но спасителот немало начин да ја грабне за телото, туку само за нозете, пренесува Daily Mail.
Девојката висела на прозорецот неколку секунди, а потоа ја пуштил. Нозете завршиле во станот, бидејќи нејзиниот грб удрил во работ. За малку ќе паднеа од зградата.
„Ја држев цврсто, со сета сила и успеав да ја внесам во станот“, изјави Круз.
Недолго потоа пристигнале пожарникари кои го локализирале пожарот.
„Донесов одлука да помогнам и денот добро се заврши“, заклучил храбриот млад човек.
Un héroe
¿Y los bomberos? pic.twitter.com/hEudyzBzPb— Hugo Acero (@HugoASeguridad) December 12, 2023