Огромните гужви вчера во трговскиот центар Ушче почнаа уште пред отварањето, каде што граѓаните на Србија дојдоа да се вакцинираат против корона. Покра вакцината сите чекаа и бидат меѓу првите 100 за да добијат ваучер во износ од 3.000 динари.
Вниманието го привлекол средовечен брачен пар, кои за време на движењето по скалилата и метежот накратко се разделиле, пренесе порталот Република.рс.
Кога дедото видел дека сопругата останала на почетокот од скалилата, „заробена“ во масата народ, се вратил по неа пробивајќи се во гужвата, а се чини му олеснило кога својата сакана жена ја фатил за рака.
-Љубов во доба на вакцинација, бил еден од коментарите под објавата кој собрал најмногу лајкови.
Na trzistu organa najskuplji je obraz! Tacnije 3000din pic.twitter.com/lG0WWmzFsb
— Mиша ☎️ (@misatelefoni) May 6, 2021