Здравко Чолиќ од секогаш се обидувал да го сокрие својот приватен живот. Но, никогаш не заборавал да истакне дека родителите му биле најголемата поддршка и дека тие се најзаслужни за неговата популарност.
За “Чола“ посебно драга и емотивна е фотографијата на која тој во војничка униформа е заедно со родителите. Балканската музичка ѕвезда тешко ја поднел загубата на родителите, и како што тој вели, од тогаш ништо не е исто.
https://www.instagram.com/p/BvfAyLLBZQe/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
– Родителите направија се за да мене и брат ми не изведат на вистинскиот пат. Татко ми ми го купи првиот грамофон, првата гитара… И се тоа од една плата, бидејќи мајка ми беше домаќинка,- изјавил Здравко за “Стори“ кога ја раскажувал својата животна приказна.