Легендарниот глумец Драган Николиќ кој почина пред три и пол години вчера ќе го прославеше својот 76 роденден. Интересно е за него што вистинското име не му било Драган туку Драгослав. Но, тој речиси на сите филмови и серии се потпишувал со Драган.
Актерската легенда и да беше жив вчерашниот роденден немаше да го прослави. Имено, негов постар брат починал на 20 август, на неговиот роденден, што Драган многу го погодило. Се повлекол во себе, многу се променил, едвај се извлекол од депресијата и престанал да го одбележува тој ден.
-Обично живеевме по белградските улици, немаше компјутери, играчки, па сами осмислувавме игри. На мене големо внимание имаше мојот постар брат Мирослав. Ми беше животен учител и вистински позитивен пример за многу работи. Гледав каде тој греши, па на тој начин можев да си го формирам своето однесување – во една прилика изјавил Драган за својот брат.
Инаку, најголема поддршка во животот на Драган Николиќ беше неговата колешка и сопруга Милен Дравиќ со која беа во брак повеќе од четири децении.