Во една од новите епизоди на серијата „Преспав“ се појави младата глумица Драгана Левенска која ја играше улогата на гостинката Благородна. Таа се појави на рецепцијата пред газада Коста и Талат и ем со глумата, ем со градите, за брзо ги освои и Коста, но и гледачите.
Инаку, Драгана Левенска има завршено на Факултетот за радио-визуелни уметности ЕСРА, а на публиката ѝ е позната од театарот, каде има играно во голем број театарски претстави и во неколку краткометражни филмови.