Мери и Рут се вистински, неразделни близначки. Сестрите кои биле толку тесно поврзани наеднаш почнале да се менуваат на 11-годишна возраст – поточно едната почнала да се менува и тоа драстично.
Токму Мери развила тешка зависност од храна. Како што ситуацијата се влошувала, односот на нејзината мајка кон нив почнал да се менува, па таа ја нарекувала Рут „онаа убавата“.
„Таа отсекогаш била совршена близначка. Јас бев само вишок“, низ солзи се сеќава Мери при посетата на Опра. Ја сака, вели, но ужасно се срамела од неа.
Кога станале полнолетни, Рут тежела 54 килограми, а Мери 190 килограми.
Сепак, врската меѓу близнаците е нешто посебно. И колку што страдала Мери, така и Рут страдала со неа, така и таа страдала од анорексија и булимија.
Таа вели дека се згрозувала секогаш кога мислела дека може да се здебели како Мери.
„Попрво би се изгладнувала до смрт отколку да оставам да личам на неа“, признава Рут.
А настрадал и 13-годишниот син на Мери, Крис, кој секојдневно ја гледал неговата мајка како буквално се убива со храна.
Вака изгледаше нивното прво појавување и првата приказна кај Опра. А потоа, шест години подоцна, Опра повторно ги побарала.
Тие сега имале 34 години, а Мери ја имала страшната вест – нејзиниот син загинал во сообраќајна несреќа.
Нормално, следела голема тага и депресија.
„И тогаш си реков: „Доста е“. Ќе станам и конечно ќе си помогнам. Сега е време да го направам она што ме молеше да го правам со години“, рекла Мери. И му ја исполни желбата на синот – ослабела непрепознатливо.
Пред една година таа имала 110 килограми, што е голем успех за почетната тежина.