До темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во скопска Кисела Вода. Информацијата доцна синоќа ја објави градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски. Тој веднаш појде на местото на настанот и заедно со отецот Оливер се сретнаа со Тони Атанасовски, кој во пожарот го загуби својот дом.
“Траорна ситуација, тажна и далеку потресна. Во наредниот период сите хумани сили ги насочуваме кон негова помош. Повторно да изградиме дом за Тони. Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен. Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме! Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.