Истражувачката новинарка Снежана Лупевска Созен, на својот профил на Фејсбук, го прокоментира рушењето на дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“,односно, своевидниот медиумски настан од постапката која би требало да биде рутинска.
„Дојде ред уривање на дивоградба да е радоаст за цела нација и да гледаме во живо. До кое дереџе сме стасани-се радуваме за спроведување на Закон оти тоа е реткост“, напиша Лупевска на Фејсбук.
Инаку, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против сопственикот на дивоградбата Мевлудин Алити и побара судија на претходна постапка од Кривичниот суд да му определи мерки за претпазливост поради опасност од бегство. Обвинителството бара да му се одреди домашен притвор, како и да му се одземе пасошот.