ДО КАДЕ ОДИ ЧОВЕЧКАТА ГЛУПОСТ: Ги напаѓаат работниците кои прскаат против комарци бидејки веруваат дека распрскуваат коронавирус (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Работниците на ЈКП „Градска чистоќа“ од Белград, кои неколкукратно опрашуваат комарци, за краток временски период биле нападнати од поединци или групи кои, колку и да звучи бизарно, веруваат дека наместо да уништуваат инсекти, извршуваат терористички напад и распрскуваат коронавирус, пишува Курир.рс.

Последниот напад се случил во вторникот околу 22 часот на територијата на белградската општина Гроцка, а информацијата за тоа ја објави заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ на неговата Фејсбук страница.

-Екипите на „Градска чистоќа“ секојдневно се соочуваат со вербални напади, а многу често и физички напади врз возила, како и вработените, – истакна во изјавата Марко Попадиќ, директор на ЈКП „Градска чисточа“.

 

 

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com