Додека осми ден по ред бројот на заразени со Ковид 19 расте во Русија, главниот епидемиолог на Министерството за здравство, Николај Брико, вели дека се покажало дека короната ќе биде сезонска болест, како и другите респираторни инфекции.
Брико посочува дека ситуацијата е под контрола и не треба да се воведуваат посебни мерки.
Академик вирусологот Феликс Јершов од Центарот Николај Гамалеја, кој ја направи првата вакцина против Ковид 19, во исто време тврди:
„Стравот од короната ќе се намали најдоцна за една година. Направивме вакцина, научивме како да се бориме против короната, а за половина година, стравот што сега постои ќе почне да се намалува“, објаснува Јершов.
Во Русија, во меѓувреме, тестовите врз волонтери за кинеската вакцина AD5-nKov, спроведени од компанијата „Петровакс“.
Вакцината е направена од компанијата „Кансино Биолоџикс“ со биотехнолошкиот институт во Пекинг и Академијата за воени медицински науки.
За тоа време, рускиот претседател Владимир Путин му вети на својот колега Александар Лукашенко дека Белорусија ќе биде првата земја која ќе ја добие руската вакцина. Истата веќе ја прими премиерот на Белорусија, Роман Головченко, на 3 септември и се чувствува одлично.