Нашата пејачка, а сега и водителка, Јулија Мациевска неодамна откри за јавноста дека ќерка ѝ Андријана се соочува со тежок период од животот. Јулија вчера на својот Фејсбук профил објави пост од Андријана која кажа дека ја примила последната 8-ма хемотерапија.
“Дојде денот за последната 8-ма хемотерапија 😊 поминаа 6 месеци, на почетокот тешки, болни, уморни денови кои мислев дека нема да имаат крај! Од инвалидска количка кога влегов на Онко, денес излегов на нозе😊 СРЕКНА И БЛАГОДАРНА😇 Денес е 16 Фебруари, родена на 16 Септембер, а првата хемо ја примив на 17 Септембер бидејки ми беше роденден 😊 Да, нема случајности, Господ е голем🙏 Цело ова време бев во Божјите раце😇 Сега за извесен период следуваат нови испитувања, нови терапии за побрзо закрепнување, за подигање на имунитетот, за чистење на организмот, за долго здравје 😊
И денес сум Срекна и Благодарна на мојот Доктор Нино Васев 🙏 што цело ова време работеше на високо професионално ниво, како доктор а пред се како ЧОВЕК со свесност, добра мисла, поддршка, љубов, совети 🙏💙
Среќна и Благодарна на моите сестри од ОнКо, Жане и Тања💖 секогаш тука со професионалност и човецност! Медицинскиот брат Мики 🙏 на докторка Мери Пешевска🌺 и сите што работат на овој оддел🌸
Среќна и Благодарна на мојата сестра по душа Пепи што денес беше со мене, дојде со многу подароци бидејки се немавме видено долго време😊 таа денес дојде како Победник на канцерот😇❤️ те сакам Пепи🧚♀️
Среќна и Благодарна на сите вас добри души кои ја покажавте вашата голема човечност🙏 постојано добивам пораки на поддршка, зборови, помош во секоја смисла😇 Благодарам на моите колеги кои не себично донираа свои дела за мене🙏 Благодарам и на сите оние добри души кои истите ги купуваат🙏 тоа се дела на врвни автори❤️ Благодарам на моето семејство, мајка ми и ќерка ми, што се тука за мене секогаш 😊❤️🌺 и на ситеее мои нај блиски сакани ❤️❤️❤️
Ете денес е денот на Среќа 🌟 Славење 🌟 Благодарност🌟 Љубов за сите ❤️❤️❤️
Благодарна од срце ваша Андријана 🍀🌹“ напиша Андријана.