Српските истражни органи досега идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за наводно поставени бомби на различни места низ Србија, соопшти српското МВР, јавува Нова ТВ.
Една од адресите е од сервисот „Протон Имејл“, а 18 се од „Гмаил“.
Според објавата од српското МВР, утврдено е дека осум од дојавите стигнале од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.
За да се идентификуваат испраќачите на овие пораки, а со оглед дека се странски државјани кои не живеат во Србија, српските власти ќе спроведат меѓународна размена на податоците преку Европол и Интерпол со останати држави, како и со компанијата „Гугл“.