Авион на компанијата „easyJet“, кој летал од Краков, Полска до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради дојава за „можна бомба“ во авионот.
Според чешкиот аеродром, авионот Ербас А320 полетал од Краков, Полска за Бристол во неделата, кога бил пренасочен кон главниот град на Чешка каде безбедно слетал синоќа во 22:50 часот, пренесе „Танјуг“.
„Чешката полиција ги спроведе сите неопходни дејствија за да се осигура безбедноста на патниците и целиот воздушен сообраќај“, се наведува на Твитер профилот на чешкиот аеродром.
Аеродромот во Прага подоцна објави дека во авионот не е пронајден опасен предмет.